10.10.2022 Скопје
Во соопштение од Министерството за внатрешни работи, стои дека во текот на минатата вечер, сообраќајната полиција со алко-тест има регистрирано дури 173 учесници во сообраќајот, кои возеле под дејство на алкохол.
Од нив како што посочуваат од МВР, 42 на територија на Град Скопје, 27 на територија на Општина Велес , и останатите по другите градови на територија на Северна Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи поради безбедноста на сите граѓани во државата.
Подготвено од М.Н.