29.09.2022 Скопје
Началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Васко Ѓурчиновски, во свое обраќање, изјавил дека Северна Македонија би добила многу доколку се врати задолжителниот воен рок кој се состои од тримесечно служење на војската.
Ѓурчиновски вели дека со самото враќање на служењето војска, ќе ги подготви младите во државата, така ќе се добијат кадри кои ќе бидат способни за ангажирање во случаи на пожари, поплави, земјотреси и дури и на најнепосакуваните конфликти во државата.
Северна Македонија би добила многу со враќањето на служење на војската, смета началникот на Генералштабот на АРМ, свесен сум дека на одредена популација ова нема да им е популарна мерка, и доколку се врати задолжителниот воен рок за машката популација, не мора да стартува веднаш.
Може првите година или две да бидат преодни, па да се започне од 2025 година, рече Ѓурчиновски и додаде дека доколку женскиот пол доброволно се пријави, секако ќе може да служи три месеци воен рок.
Подготвено од М.Н.