08.05.2022 Скопје
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска, учествува на Десетиот регионален состанок на гувернерите на централни банки каде изјави дека последиците од руско – украинската криза ќе ги почуствува и македонската економија. Таа додаде дека во македонската економија се очекува забавен економски раст, но и забрзување на инфлацијата.
Теми на Десетиот регионален состанок на гувернерите на централни банки, кој се одржува во Ровињ – Хрватска, се економското закрепнување во контекст на конфликтот во Украина и санкциите кон Русија, како и неизвесноста и финансискиот сектор, инфлацијата и монетарната политика.
Гувернерката Анита нагласи дека директните трговски и финансиски врски на Република Северна Македонија со Русија и Украина се слаби, исто како и останатите земји во регионот. Конфликтот помеѓу Русија и Украина на македонската економија ќе влијае преку други канали.
Индиректните влијанија особено ќе се почувствуваат преку четири главни канали, а тоа се трговијата, цената на примарните производи, затегнувањето на меѓународните финансиски пазари и довербата кај потрошувачите. Таа додаде и дека повторно на потег се монетарната политика, во насока на одржување на стабилноста, и фискалната политика, преку мерки за поддршка да ги ублажи ефектите врз економската активност.
Подготвено од А.Ѓ.