08.05.2022 Скопје
Дали учеството на Македонија во изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис, за нашата земја ќе биде добивка или пропадната инвестиција?
Според експертите, оваа инвестиција е залудна, затоа што не знаеме каков економски ефект ќе има и не може да биде алтернатива за енергетска стабилност на земјава, бидејќи течниот гас е многу поскап од оној што го добиваме од Русија.
Поранешниот директор на „Топлификација“ соопшти дека самиот проект е апсурден и неисплатлив, затоа што тој тип на гас е многу повеќе поскап. Тој додаде и дека имало варијанта Македонија да прави гасна електрана во „Александрополис“, што е многу скапо и невозможно.
Подготвено од А.Ѓ.