https://www.flickr.com/photos/darkmavis/38658897/in/photolist-4q8WH-2e6k3JU-Nt5Mzo-p2he5-71TXY3-74mFvv-9TuQRT-2k8wq9q-2kRG3U6-2kyRinG-tfjHv-5ukRBy-Sb4Q6Y-2m8u5sM-2mNSJPm-HhotzM-8oQ1iS-6n95Lm-2ieUVyt-2mWSuRy-tkBsC4-2kEodry-2dpQoyC-2iHpCVi-2nDML3S-8QAFY7-2mrnqco-RVoFjh-wYWPLr-2nGRHtC-5QkrY9-87xBCQ-753hZu-2n4ATtw-2jABvwe-qVyM6b-RtrPrM-rKtWnW-2nJGgMV-2mGhAyH-2n7TVJh-2n13vJk-2jn6ymv-48g9Fe-Vn93Q4-xiKEfW-WeMuAa-2k1AxoF-2hb8Ntw-2iCXp1F

08.05.2022 Скопје

Од Регулаторната комисија за енергетика соопштија дека во тековната година ќе се стави под лупа функционирањето на електроенергетскиот систем, со што ќе се обезбеди рамнотежа помеѓу снабдувањето и потребите од електричната енергија. Една од главните цели е да се надминат предизвиците кои се предизвикани од енергетската криза, која донесе до негативно влијание врз работењето на енергетските компании во земјава.

Одобрени се нови Мрежни правила за пренос на електричната енергија, кои се според регулативите на Европската Унија. Исто така, во доменот на воспоставување на организиран пазар на струја, можно е спојување на домашниот пазар со пазарите на електрична енергија од соседството и од Европската Унија.

Годинава сериозен предизвик е и природниот гас, со што годинава треба да биде и сертификацијата на операторот за пренос на гас, спроведување на тендерот за секундарна гасификација на земјава, како и одобрување на подзаконска регулатива од областа на природниот гас.

Од РКЕ изјавија дека главна цел е водењето грижа за заштита на потрошувачите, со што ќе им се овозможи квалитетно и навремено снабдување со топлинска енергија, како и решавање на индивидуално проблеми на корисниците. Тие, исто така, ќе продолжат со спроведување на активностите и според одредбите на Законот за утврдување на водните услуги.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author