09.05.2024 Скопје
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека одлуката на претседателот на САД да се прекине испораката на оружје за Израел е поради израелските планови за офанзива на градот Рафа на југот на појасот Газа без претходно спроведени мерки за заштита на цивили.
“Бевме сосема јасни од самиот почеток дека Израел не би требало да изврши голема офанзива на Рафа без да се земе во предвид заштита на цивилното население.Откако повторно ја проценивме ситуацијата го прекинуваме испраќањето на оружје за Израел “.
Израелскиот воен кабинет во понеделникот одлучи да ја изврши планираната операција во Рафа како би се извршил воен притисок врз Хамас и покрај соопштението на Хамас да се прифати египетско-катарскиот предлог.
Подготвено од М.Д.