Image by tawatchai07 on Freepik

09.05.2024 Скопје

Благодарение на зголемувањето на соларниот капацитет минатата година за 251 отсто во однос на 2022 година, Северна Македонија значително го намали увозот на електрична енергија. Најголем дел од новите електрани во 2023 година се фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќност од 361,9 MW.

Според податоците од Годишниот извештај за 2023 година, објавен од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), само 2,75 отсто од потрошувачката на електрична енергија е покриена со увоз, што значи дека увозот е намален за 30 отсто.

Како што е наведено, овој успех е значаен и од аспект на енергетска транзиција и од финансиски аспект.

Подготвено од М.Д.

About Author