francijaaa

07.05.2024 Скопје

Франција во понеделникот испрати демарш до земјите-членки на Советот на Европа со барање за одложување на одлуката за прием на Косово во Советот на Европа поради неисполнување на обврската за формирање на Заедницата на српските општини.

Денеска во Стразбур треба да се одржи последниот состанок на амбасадорите пред состанокот на министрите, кои на 16 и 17 мај треба да ја донесат конечната одлука за прием на Косово во оваа меѓународна организација. Според нивните сознанија, амбасадорите на земјите членки на Советот на Европа нема да го стават прашањето за членството на Косово на дневен ред на мајскиот министерски состанок.

Причината е што Косово нема преземено никакви чекори кон формирањето на Заедницата на српските општини.

Во понеделникот е соопштено дека од објавениот дневен ред на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој ќе се одржи на 16 и 17 мај, произлегува дека нема да има одлука за Косово.

Иако германската позиција до сега не беше јасна, сега се чини јасно дека и Германија зазема став дека владата на Курти мора да преземе конкретни чекори во однос на Асоцијацијата за да добие членство во Советот на Европа.

Подготвено од М.Д.

About Author