DIPLOMORANJE

16.05.2024 Скопје

Американската тинејџерка од Чикаго, Дороти Џин Тилман Сектер, докторирала на Универзитетот во Аризона минатата година на 17-годишна возраст, а на факултет се запишала на десет години.

„Минатиот декември таа успешно ја одбрани својата докторска дисертација и стана најмладата личност со докторат во областа на интегрираното здравје во однесувањето на Универзитетот во Аризона“, изјави професорката Лесли Менсон.

Тилман, позната како генијалката Дороти, е внука на поранешната градска советничка во Чикаго, Дороти Тилман.

Подготвено од М.Д.

About Author