16.05.2024 Скопје
И официјално е отворен 77. Кански филмски фестивал, а на црвениот тепих блеснаа бројни дами од светот на филмот и другите сфери на јавниот живот, заедно со познатите момци кои се потрудија да го испратат сиот тој гламур и скапите тоалети. Гостите имаа можност да ја проследат премиерата на филмот „Вториот чин“, а многу се шпекулира кој филм ќе ја добие Златната палма, една од најпрестижните награди за сите луѓе кои се занимаваат со овој вид уметност.
Меѓутоа, кога актерката Мерил Стрип се појави на црвениот тепих пред морето од фоторепортери, сè како да запре. Таа со широка насмевка позираше во долг бел фустан со многу едноставен крој, додека до неа стоеја нејзините млади колешки во многу поинтересни креации.
Сепак, ваквиот стајлинг е јасен доказ дека е многу поважно како се носи облека, а легендарната уметница едноставно блесна, нејзината енергија беше неверојатна, а насмевката и харизмата опојни.
Луѓето на социјалните мрежи веднаш почнаа да коментираат дека таа е навистина безвременска убавица на која стареењето навистина не и може ништо.
Подготвено од М.Д.