16.05.2024 Скопје
По 15-ти пат во клупската историја, Јувентус го освои трофејот во Купот на Италија. Вечерва во големото финале во Рим, „Старата Дама“ го совлада тимот на Аталанта со 1:0.
„Бјанконерите“ го кренаа трофејот наменет за најдобрите во најпопуларното фудбалско натпреварување, благодарение на српскиот голгетер Душан Влаховиќ. Влаховиќ го постигна својот втор гол во Купот на Италија, откако вечерва погоди уште во четвртата минута по одличното додавање на Камбијасо.
Јувентус мечот го доврши без тренерот Макс Алегри, кој беше исклучен во петтата минута од судиското надополнување.
Тренерот на Аталанта, Гасперини се уште е тренер без освоен трофеј во својата богата тренерска кариера, а следна можност да го прекине „проклетството“ ќе биде во финалето на Лигата на Европа против Баер Леверкузен.
Подготвено од М.Д.