TRAMP DUDA

07.05.2024 Скопје

Полската влада верува дека може да го сврти поранешниот американски претседател Доналд Трамп против рускиот претседател Владимир Путин со помош на нејзиниот претседател Анджеј Дуда.

„Верувам дека за време на состанокот во Њујорк, претседателот (Дуда) ги прифати препораките на полската влада и го претстави полскиот став за безбедноста“, изјавил полскиот премиер Доналд Туск во врска со неодамнешната средба меѓу Дуда и Трамп.

Според колегите на Туск од Партијата на правото и правдата, оваа средба била важна за попуштањето пред републиканците лојални на Трамп во Претставничкиот дом на САД за пакетот помош од 60 милијарди долари за Украина.

Во март, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски преку видео-порака ги повика полските националисти и конзервативци да го искористат своето влијание врз Трамп „ако навистина постои“, бидејќи „на Украина ѝ треба помош“.

„Трамп беше во право што ја повика Европа да троши повеќе за одбрана“, рече Сикорски во неодамнешното интервју, истакнувајќи дека Трамп исто така испратил противтенковски ракети во Украина „пред војната, кога другите не го правеле истото“.

Подготвено од М.Д.

About Author