MICKOVSKI PREGOVORI

11.05.2024 Скопје

Мицкоски е на пат да формира мнозинство од 65 пратеници. Петмина од новите пратеници кои добија мандат на пратенички листи од партии и коалиции кои ќе одат во опозиција, изразиле подготвеност да ја поддржат политиката на новата влада, додека двајца сè уште размислуваат за оваа можност.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за плановите за состав на новата влада денеска разговараше и со претседателите на партиите од Коалицијата „Твоја Македонија“, кои ги покани на средба во партијата.

Преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ утре ќе ја имаат првата средба, но поконкретните преговори ќе ги почнат од следната недела. Засега нема најави за преговори со ЗНАМ и со „Левица“, иако не се исклучува ниту таа можност.

Подготвено од М.Д.

About Author