16.05.2024 Скопје
Крилото на приватниот авион Боинг 757 (N757AF) во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп удрил во паркиран авион на аеродромот во Флорида откако безбедно слетал и се оддалечил на неговата паркинг позиција рано наутро во неделата, соопшти американската Федерална управа за авијација ( FAA – Федерална Администрација за воздухопловство).
Не е познато дали Трамп, кој во саботата одржа предизборен митинг во Вилдвуд, Њу Џерси, бил во својот Боинг 757 кога се случил инцидентот. Во судирот нема повредени, јавува CNBC.
Боингот 757 е произведен во 1991 година како патнички авион и доставен до Стерлинг Ервејс. Леташе и како деловен авион на Пол Ален, а бидејќи е во сопственост на Трамп се нарекува Трамп Форс 1, по аналогија со претседателскиот Air Force One.
Подготвено од М.Д.