26.04.2024 Скопје
Утре, сабота, во Центар ќе се слави роденденот на легендарниот македонски писател, режисер и драматург Горан Стефановски во скопски Центар.
Од општина Центар упатија покана за следниве активности:
– заедно да слушаме извадоци од неговите аудио драми,
– да ја проследиме промоција на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски,
– а уживаме во изведба на култните песни на „Леб и сол” во изведба на бендот Сешн Селекшн,
– да го промовираме „Центарско ќоше“, ново културно катче за мали сцени и културни содржини и настани, како и да
– да се презентира надополнетиот мурал со најпознатиот рефрен на песната „Скопје“ од Леб и сол „Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје, нацртан од уметниците Драш и Мачка.
Збирното место е кај муралот на Горан Стефановски, спроти слаткара Зафир.
Подготвено од М.Д.