vagner

17.04.2024 Скопје

Кремљ планира да префрли одреден дел од членовите на рускиот платеник „Вагнер груп“, приватна компанија контролирана од државата по смртта на нејзиниот основач Евгениј Пригожин, од нејзината мисија во Африка во регионот Белгород на границата со Украина.

Ова го соопшти Американскиот институт за проучување на војната (ISW), повикувајќи се на руски извори со инсајдерски информации.

Белгородската област е на околу 40 километри од границата и спроти Харков, вториот по големина град во Украина, за кој во последните недели се тврди дека е нова цел на руската офанзива.

Тој руски пограничен регион е исто така територија на која се прелеа војната во Украина, бидејќи војниците под команда на Киев редовно го напаѓаат Белгород со беспилотни летала, а руските паравоени формации кои се противат на владеењето на претседателот Владимир Путин вршат прекугранични упади во областа.

Според изворот на ISW, Кремљ верува дека Андреј Аверјанов, генерал-полковник на руската генерална дирекција за воено разузнавање (ГРУ), не ги исполнил роковите кога станува збор за развојот на африканскиот корпус Вагнер, кој е под контрола на Министерството за одбрана во Москва.

„Во тек се подготовки за префрлање на избраните единици од Африка во регионот на Белгород“, изјави изворот на Институтот во Вашингтон.

Извештајот на ISW го цитира мислењето на инсајдерот дека сегашното регрутирање на вагнерити за Африканските корпус може да биде само покритие за собирот на платеници кои треба да бидат префрлени во регионот на Белгород.

Се наведува дека членовите на Африканскиот корпус биле распоредени на 12 април во Нигер, а не е јасно дали изворот на ISW тврди дека целиот корпус целосно ќе ги прекине операциите во Африка или само одредени единици ќе бидат префрлени на руско-украинската граница .

Се потсетува дека Аверјанов претходно бил член на руската делегација која имала контакти со претставниците на Буркина Фасо, Нигер и Мали.

Се вели дека за време на тие состаноци тој изгледал длабоко инволвиран во обидите на руската влада да ја преземе или интегрира „Групата Вагнер“.

Се забележува дека Аверјанов ја предводи единицата 29155 ГРУ, која претходно беше поврзана со различни инциденти, вклучувајќи го и обидот за атентат врз поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Велика Британија во 2018 година.

Се вели дека неодамнешните истраги покажале дека оваа единица наводно учествувала во енергетски или акустични напади со оружје против персоналот на американската влада и во САД и во странство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author