30.04.2024 Скопје
Токму познатиот режисер Стивен Спилберг (Шиндлеровата листа, Спасување на Рајан, Минхен…), ќе биде задолжен за креирање стратегија во кампањата на Бајден за освојување на втор претседателски мандат.
Минатиот декември Спилберг учествуваше на собирање средства за кампањата на Бајден во Лос Анџелес. Спилберг, долгогодишен поддржувач на Бајден, веќе активно учествувал на состаноците со организаторите на конвенцијата на Демократската партија што ќе се одржи во август, потврди изворот, кој сакал да остане анонимен.
Ова не е првпат Спилберг активно да се вклучи во политичките настани во САД. Тој е голем поддржувач на Демократската партија и во 2008 година беше продуцент на филм за кампањата на Барак Обама, тогашниот претседател. На настанот минатиот декември, на Спилберг му се придружија и други холивудски легенди како Барбра Стајсенд и режисерот Роб Рајнер…
Лидерите на кампањата на Џо Бајден се во преговори со Барак Обама тој и Бајден да се појават на митинг во средината на јуни во Лос Анџелес. Добро е познато дека Обама имаше голема поддршка од холивудските ѕвезди за време на неговите две кампањи. Покрај тоа, токму Бајден беше потпретседател на Обама, додека вториот беше на чело на Белата куќа во два мандата. На тој собир еден од домаќините треба да биде Џорџ Клуни.
Кампањата на Бајден не одговориле веднаш на барањето да ги потврдат и коментираат наводите за ангажманот на Стивен Спилберг. Се потсетува дека минатиот месец Бајден за кампањата собрал дури 90 милиони долари, што е двојно повеќе отколку во првите два месеци од 2024 година.
Подготвено од М.Д.