fentanil

15.04.2024 Скопје

Во извештајот на главниот градски истражувач се наведува дека смртта од опијати во Вашингтон има достигнато рекордно високо ниво во 2023 година, при што фентанилот е најсмртоносен меѓу сите опијати и убива 96 отсто од жртвите.

Според најновите податоци, само минатата година во Вашингтон имало 518 смртни случаи поврзани со употреба на опијати, додека пак во 2022 година имало 461 случај.

Само пет смртни случаи не се класифицирани како случајни.

Тоа значи дека дрогата однела повеќе животи во округот Колумбија отколку убиствата минатата година, кои вкупно изнесуваа 274.

Главната причина за смртта е фентанил, синтетички опијат кој е најчеста причина за смрт кај зависниците од 2017 година. Фентанилот е 50 пати посилен од хероинот и 100 пати посилен од морфинот.

Во Дистрикт Колумбија, во текот на минатата година, имаат починато 504 луѓе од фентанил, односно 96 од вкупниот број на смртни случаи во градот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author