severna koreja kim raketa

23.04.2024 Скопје

Лидерот Ким Џонг Ун ги надгледуваше вежбите на неговиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје, кој го нарекува „нуклеарен активирач“. Вежбите вклучуваа истрелување на неколку „супер-големи“ артилериски ракети опремени со лажни нуклеарни боеви глави од повеќе единици за ракетни фрлачи.

Ракетите летаа околу 352 километри пред успешно да погодат островска цел, и Ким изрази „задоволство“ од резултатите.

Јужнокорејските и јапонските воени претставници во понеделникот потврдија дека Северна Кореја истрелала неколку балистички ракети со краток дострел во водите во близина на источниот брег на полуостровот.

Според информациите, вежбите биле спроведени како одговор на тековните заеднички вежби за воздушна одбрана на силите на САД и Јужна Кореја, кои ги осуди како закана за режимот.

Вежбите во понеделникот беа спроведени само неколку дена откако Северна Кореја тврди дека тестирала таканаречена „супер голема“ боева глава дизајнирана да биде лансирана со крстаречка ракета.

Подготвено од М.Д.

About Author