https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/d3/Stadtbild_M%C3%BCnchen.jpg

11.04.2024 Скопје

Секој петти Германец, или 21,2 отсто од населението, минатата година бил во ризик од сиромаштија или социјална исклученост, објави на својата веб-страница германската федерална канцеларија за статистика Дестатис.

Конкретно, сиромаштијата или социјалната исклученост претставуваат закана за 17,7 милиони Германци, се додава во соопштението.

Приближно 14,3 отсто од германското население било во ризик од сиромаштија во 2023 година, а 6,9 отсто биле погодени од „значителна материјална и социјална депривација“.

Споменатите 6,9 отсто од населението, или 5,7 милиони луѓе во Германија, не беа во можност да ги платат сметките за кирија, хипотека или комунални услуги, да си дозволат еднонеделен одмор, да го заменат дотраениот мебел или да излегуваат да јадат или пијат еднаш месечно со пријателите или семејството.

Бројките за сиромаштијата во Германија се главно непроменети од 2022 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author