26.04.2024 Скопје
Украина веќе почна да користи американски балистички ракети со долг дострел, тајно доставени од САД за борба против руските сили, потврдија американските власти.
Oвие проектили се дел од пакетот од 300 милиони долари што го одобри американскиот претседател Џо Бајден во март, а на Украина и беа доставени на почетокот на овој месец.
Ракетите ATACMS, со дострел од 300 километри, досега се користени барем еднаш за уништување цели на Крим, кој е под руска контрола од 2014 година.
Бајден го потпиша претходно усвоениот Закон за испорака на воена помош за Украина во износ од 61 милијарда долари.
Земјата и претходно и имаше испорачано на Украина верзии на ракетата „ATACMS“ кои имаат помал дострел од околу 160 километри и можат да носат помала боева глава.
Не се знае точно колку проектили се испорачани, но американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Вашингтон планира да испрати нов контингент.
Подготвено од М.Д.