PLANINA

25.04.2024 Скопје

Република Северна Македонија е седма на листата на топ 10 најпланински земји во светот според сајтот Ranking Royals. Иако Швајцарија генерално ја сметаме како попланинска од нас, заради височината на Алпите, Македонија со 85,5 проценти од вкупната територија која е покриена со планини, на таа листа е една скала пред Швајцарија (83,6%).

„ Околу 20% од копното на Земјата е покриено со планини, вклучувајќи ги и познатите венци како што се Хималаите во Азија, Карпестите Планини во Северна Америка, Евроазиските Алпи и Андите во Јужна Америка. Многу планински земји се рангирани меѓу најубавите земји во светот, а планините исто така овозможуваат широк спектар на уникатни активности на отворено, вклучително скијање, сноуборд, планинарење, планинарење, трекинг, качување по карпи, планински велосипедизам, бас скокање, летање со летање и многу повеќе“, велат во статијата на World Population Revie.

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Република Северна Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

Подготвено од М.Д.

About Author