25.04.2024 Скопје
Хаосот што се случува на Клиниката за токсикологија, го потврди и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Испекторите излегоа на терен и во вонрeдниот инспекциски надзор утврдиле дека пет медицински сестри,три болничари, еден лаборант и двајца биолози четири месеци незаконски работеле. Според д-р Рената Младеновска, директор на ДСЗИ, тие контролата ја направиле по добиена анонимна претставка од група на вработени на Токсикологија. Се работи за лица кои што имале статус на здравствени работници и соработници, на кои што договорот за работа им завршил на 31 декември 2023 година.
Стручниот колегиум на Токсикологија заедно со д-р Нико Беќаровски деновиве јавно укажа за пробелите што се случуваат во клиниката. Според нив секојдневно се случувало хаос кој што не бил виден досега. Се работи за долг од два милиони денари, но и бројни проблеми во текот на работењето, како што бил случајот со валидизирани резултати.Проблемите станале актуелни откако за вршителка на должноста е назначена организациската директорка Бесија Илјази.Таа со вработените комуницирала само на албански јазик, не зборувала македонски,за што користела преведувач. Истовремено Иљази не дозволила вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар, кои што биле неопходни за да се утврди каков вид на туење има пациентот.
Министерот за здравство Илир Демири застана во заштита на Илјази, а го пак разреши медицинскиот директор на клиниката, д-р Данил Петровски. За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува. Вработените посочија дека од првиот ден на функција, директорката на работа доаѓа со нејзиниот татко, кој како да има улога на обезбедување. Деновиве на таа излезе и на прес-конференција,но не даде одговор на македонски јазик, по што новинарите си заминаа.
Доктор Беќаровски веќе укажа дека на клиниката, доаѓаат невработени лица, облекуваат мантили и доаѓаат и на визита. Тој потсетува дека за изминативе шест години на Токсикологија се смениле пет директори.
Подготвено од М.Д.