https://www.flickr.com/photos/markignjat982/8120817666/in/photolist-dprRKV-7HY51v-P2JTFs-8W8pFC-4myT5K-bsGpy6-71eaA3-MKJsRu-G69tMk-upcmnx-6nD2bm-dS2ezD-dnBjaG-2nsEu3n-fSKqX-NYk5T5-23oH3xx-7oLWXH-6P1Vux-qwAuc-9KeHsX-71QyMf-gUMqLz-7cjCJj-DBtSp3-GCMSM-91K4gL-4u675N-4saSJe-5qenJH-8UBkvk-z199GR-6SNAur-6P64Zq-2UBENz-24XVx6Z-33msCF-qwAvL-74qKrh-pG1Az-6RHXGr-dnBe6X-KycRDm-7JRcc-qwAmP-2hpcSNt-jgiUXE-2j8r5TW-pPbdAS-UTv6mS

26.04.2024 Скопје

Просечната бруто-плата во февруари изнесува 129.934, додека просечната нето-плата, односно без даноци и придонеси, изнесува 94.125 динари (околу 1566 марки), објави денеска Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Растот на бруто-платата во периодот јануари/февруари 2024 година во однос на истиот период лани номинално изнесува 15,8 отсто, односно реално 9,2 отсто, додека просечната нето-плата номинално е повисока за 15,7 отсто, односно реално за 9,2 отсто.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за февруари годинава е номинално повисока за 15,8 отсто, а реално за 9,7 отсто, додека просечната нето плата е номинално повисока за 15,7 отсто, а реално за 9,6 отсто.

Просечната нето заработка за февруари изнесува 72.956 динари (околу 1.214 марки), што значи дека 50 отсто од вработените земале плата помала од оваа сума.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author