26.04.2024 Скопје
Индиската компанија Тата Стил денеска го одби барањето на синдикатот на британската компанија за челик Порт Талбот да ги задржи високите печки во таа фабрика, што ќе доведе до отпуштање на дури 2.800 работници.
Првата висока печка во железарницата во Јужен Велс треба да биде затворена на крајот на јуни, а втората во септември.
„Tata Style“ најави дека на 15 мај ќе им понуди на работниците програма за доброволно отпуштање.
Во јануари, таа компанија во индиска сопственост објави затворање на две од четирите активни високи печки во Велика Британија, што е тежок удар за фабриката за челик во Порт Талбот, која е доминантен деловен субјект во тој град и неговата околина.
„Тata Style“ планира да ги замени високите печки, од кои се добива челик со топење на железна руда, со електрични лачни печки.
Денеска таа компанија има намера да нарача опрема за новите печки до септември, а нивната изградба да започне до август 2025 година.
Електрификацијата на процесот на производство на челик е многу поеколошки, бидејќи не се потпира на хемиска реакција која создава јаглерод диоксид.
Тоа ќе претставува и голема инвестиција од 1,25 милијарди фунти, но воведувањето на понова технологија ќе бара и многу помалку работници.
Подготвено од А.Ѓ.