27.04.2024 Скопје
Франција и Германија потпишаа меморандум за соработка за развој на нова генерација борбен тенк опремен со вештачка интелигенција и ласерска технологија.
За време на церемонијата одржана во Париз, министрите за одбрана на Франција, Себастиен Лекорну и на Германија, Борис Писториус, потпишаа меморандум со кој подеднакво се дели индустриското производство на напредниот борбен тенк.
Во 2017 година Германија и Франција се договорија заеднички да работат на тенкот од следната генерација како наследник на францускиот „Leklear“ и германскиот „Leopard“ почнувајќи од 2040 година.
Сепак, плановите се соочија со одложувања поради конкуренцијата меѓу француските и германските компании и различните приоритети во Берлин и Париз.
Во текот на изминатиот месец, министрите во Берлин објавија дека успеале да го одблокираат заостанатиот дел од проектот со постигнување договор за тоа како да се подели работата меѓу двете земји.
Подготвено од А.Ѓ.