25.04.2024 Скопје
„Нашиот тим моментално ја проценува состојбата на китовите на плажата, а тимовите на вода се обидуваат да ги задржат животните заедно и подалеку од плажата“, соопшти австралиската управа за биолошка разновидност.
Регионалниот офицер за заштита на дивиот свет, Пиа Куртис, рече дека за жал, исходот за пилот-китовите генерално не е добар на плажата бидејќи многу од животните умираат.
Надлежните ги повикаа граѓаните да не се обидуваат да спасуваат животни без инструкции од стручни лица, бидејќи во спротивно може да предизвикаат дополнителни повреди на животните и да го отежнат нивното спасување.
Подготвено од М.Д.