20.04.2024 Скопје
Неколку лица се ранети во бомбардирањето на ирачката воена база во која се сместени вооружени членови на коалицијата на проирански групи, соопштија два безбедносни извори.
Воената база „Калсо“ во провинцијата Бабил, јужно од Багдад, била погодена доцна синоќа, а експлозијата била огромна.
Официјален претставник на Министерството за внатрешни работи рече дека во „воздушното бомбардирање“ загинало едно лице, а биле ранети осум, додека воен извор рекол дека тројца ирачки воени лица биле ранети во нападот.
Групата „Хашид ал Шаби“, лоцирана на оваа локација, објави дека експлозијата предизвикала „материјални загуби“ и жртви, без да го прецизира бројот на повредени.
Групата потврди дека биле погодени нејзините простории во воената база и дека истражителите биле испратени на местото на настанот.
Засега никој не презел одговорност.
Подготвено од А.Ѓ.