zemjotres

28.04.2024 Скопје

Во понеделник, 25 март 2024 година, беа забележани дури 986 земјотреси низ планетата Земја, но за среќа, тие силни, разорни земјотреси не беа регистрирани.

Четири земјотреси биле посилни од 5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на островот Маквари во Австралија на длабочина од 10 километри. Вториот е регистриран во Атлантскиот Океан, а третиот во Камчатка, на далечниот исток на Русија, со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.

Поредок случај се разорните земјотреси.

Силните земјотреси, како оние во Хаити, Чиле и Кина, како и земјотресите од 7 степени плус во Индонезија и Калифорнија, би можеле да остават впечаток дека активноста на земјотресот се зголемува. Сепак, брзиот поглед на статистиката за земјотресите во изминатите 20 години покажува дека тоа не е така.

Покрај четирите силни земјотреси, забележани се и 37 со јачина меѓу 4 и 5 степени според Рихтеровата скала, додека 122 земјотреси биле од 3 до 4 степени.

За само еден ден имало дури 255 слаби земјотреси на скала од 2 до 3 и над 500 земјотреси со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала.

Привременото зголемување или намалување на сеизмичноста се дел од нормалната флуктуација на стапките на земјотреси.

Според долгорочните записи (од околу 1900 година), очекуваме околу 16 големи земјотреси секоја година. Тие вклучуваат 15 земјотреси со јачина од 7 степени и еден земјотрес со јачина од 8 или поголеми.

Годината со најголем вкупен број разорни земјотреси беше 2010 година, со 23 разорни земјотреси со јачина од 7 или повеќе степени според Рихтеровата скала. Во другите години вкупниот број бил далеку под годишниот долгорочен просек од 16 големи земјотреси.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author