Agencija-za-vrabotuvanje

29.03.2024 Скопје

Бројот на високообразовани кадри во земјава од година во година бележи опаѓање. Според статистиката во 2023 година, бројот на завршени магистри опаднал за 3 отсто, а за 12 проценти пад е регистриран и кај лица кои добиле звање „доктор на науки“.

Иако земјава кубури со висококвалификуван кадар, а проблемот дополнително се влошува и со големиот одлив од земјава, сепак она што стои како нелогичен податок е оној од Агенцијата за вработување каде што се вели дека во моментов работа бараат над 600 магистри и над 20 доктори на науки.

Статистиката нотира и дека најголем интерес за магистерски студии има во областите на бизнисот, администрацијата и правото, инженерството, производството и градежништвото и општествените науки, додека најпривлечни области за запишување докторски студии биле бизнисот, администрацијата и правото, здравството и социјалната заштита, општествените науки, новинарството и информирањето, уметноста и хуманистичките науки.

Подготвено од М.Д.

About Author