29.03.2024 Скопје
Црногорската управа за статистика Монстат соопшти дека трговскиот дефицит на Црна Гора се зголеми на 239,4 милиони евра во февруари во однос на истиот месец лани кога изнесуваше 190,7 милиони евра.
Во наведениот период црногорскиот извоз е намален за 12,9 отсто на 61,7 милиони евра, а увозот е зголемен за 15,2 отсто на 301,1 милиони евра.
Трговскиот дефицит за првите два месеци од 2024 година изнесува 421,4 милиони евра, што претставува зголемување во однос на јануари и февруари 2023 година, кога изнесуваше 317,7 милиони евра.
Црна Гора во првите два месеци од 2024 година извезла стоки за 107,9 милиони евра, а увезла стоки за 529,4 милиони евра.
„Во споредба со истиот период од претходната година, извозот е помал за 31,9 отсто, а увозот е повисок за 11,2 отсто“, се наведува на веб-страницата Монстат.
Најголем надворешно трговски партнер на Црна Гора во извозот во споменатиот двомесечен период беше Србија.
Вредноста на извозот од Црна Гора во Србија е 30,2 милиони евра, потоа Чешка со 12,5 милиони евра и Полска со 10,9 милиони евра.
Во првите два месеци од 2024 година Србија извезла стока во Црна Гора за 81,9 милијарди евра, Кина 64,5 милиони евра, Германија 58,1 милиони евра.
Подготвено од А.Ѓ.