30.03.2024 Скопје
Промовиран слоганот на кампањата по повод претседателските избори на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова кои ќе се одржат идниот месец.
„Слоганот на мојата кампања, впрочем целата програма е во функција во слоганот. Слоганот е заради хроничната и актутната состојба со македонската демократија којашто не само што е во тешка криза, туку зборува за една слаба држава или држава во пропаѓање. Во таквата држава најголеми жртви се граѓаните и кога велам јас „Македонија повторно горда“, пред сè мислам на граѓаните, повторно горди. Причината е да се врати надежта, причината е да се врати довербата во демократијата, причината е нацијата повторно да знае дека сите во политиката, вклучувајќи ги и шефот на државата или претседателката на државата имаат обврска во секој свој чекор и потег да се водат од националните од односно од државните интереси. Кога велам „Македонија повторно горда“, не можам да не споменам неколку ноторни факти. Прво, граѓаните имаат причина зошто да бидат горди. Се разбира, јас сум горда на предците, горда сум на оние што стојат зад трите Илиндени, горда сум на хероите. Меѓутоа мислам дека токму вредностите на кои се темелат трите Илиндени денеска не само што се погазени, туку и на оваа нација и на оваа држава и се заканува културоцид со одобрени, за жал, на оние во власта, вели Силјановска-Давкова.
Таа додава дека, неслучајно е одбран овој слоган, мислам дека сфативме дека односот на овој свет на реализам, односно односот кон малите држави навистина треба да се проблематизира.
Подготвено од М.Д.