lekovi

29.03.2024 Скопје

Според новата студија на Лекари без граници, фармацевтските компании продаваат лекови за дијабетес по цени речиси 400 пати повисоки од нивото потребно за остварување профит.

Студијата, објавена во списанието на Американското медицинско здружение (JAMA) Network Open, исто така посочува дека модерните инсулински пенкала би можеле да се користат дури и во земјите со низок приход доколку фармацевтските компании „ги стават луѓето пред нивниот астрономски профит“.

Според пресметката на Лекари без граници, едно инсулинско пенкало може да се продава со профит од само 0,94 долари, но неговите цени се движат од 1,99 до 90,69 долари.

Истражувачите го повикуваат Novo Nordisk, производителот на лекот за дијабетес Ozempik, како и Ели Лили, производителот на лекот Trulisiti, да се откажат од контролата врз овие лекови и да дозволат нивно производство од повеќе компании ширум светот.

„Новите лекови се апсолутна промена на играта за луѓето кои живеат со дијабетес, но тие остануваат недостапни за стотици милиони луѓе во земјите со низок и среден приход“, вели Криста Сепух, фармацевт координатор во Лекари без граници и еден од авторите на студијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author