volej

26.03.2024 Скопје

Европското првенство во одбојка во 2026 година ќе се одржи во Италија, Бугарија, Романија и Финска, соопшти Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ).

Романија и Финска ќе бидат домаќини на натпреварите од групната фаза, додека осминафиналните и четвртфиналните дуели ќе се играат во Италија и Бугарија, а полуфиналните и медалите ќе се играат во Италија.

Италија, Бугарија, Романија и Финска, организаторите на првенството, како и Србија, Полска, Словенија, Франција, Холандија, Украина, Германија и Португалија се пласираа на ЕП во 2026 година врз основа на пласманот на претходното ЕП.

Останатите 12 репрезентации ќе бидат познати по квалификациите кои ќе се одржат оваа и следната година. Шампионот на Европа во 2026 година ќе се квалификува за Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author