28.03.2024 Скопје
Амбасадорот Дејвид Гир ја расчисти маглата околу евроскептицизмот во земјата. Ниту е точно дека Европската унија не ја сака Република Северна Македонија како своја членка, ниту е точно дека земјата не е способна да биде членка на Унијата.
Тој зборуваше пред останатите амбасадори на настан за одбележување на четри-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО што го организираше министерот за надворешни Бујар Османи. По руската воена агресија во Украина проширувањето стана и безбедносно прашање, вели Османи и ја повикува Унијата да го забрза процесот.
Република Северна Македонија стана членка на НАТО пред четири години, отако се реши деценискиот спор со Грција околу името. Вицепремиерот за европски прашања вели земјата плати висока цена, но се има оправдување за големите политички жртви бидејќи беа вредни за граѓаните и за државата.
Република Северна Македонија уште еднаш ја потврди својата поддршка за Украина велејќи дека ќе ја поддржува онолку колку што е потребно. Во овој геополитички контекст, Османи смета дека политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето се важни и за двата сојузи.
Подготвено од М.Д.