27.03.2024 Скопје
Американската централна банка ФЕД забележа рекордна загуба од 114,3 милијарди долари во 2023 година.
Овој резултат е значително различен од 2022 година, кога ФЕД забележа нето приход од 58,8 милијарди долари.
ФЕД постојано нагласува дека нето негативниот приход, односно загубата не ја попречува неговата способност да води монетарна политика.
„Вкупната актива на резервните банки на 31 декември 2023 година изнесуваше приближно 7,8 трилиони долари, што е намалување од 0,7 трилиони долари во однос на претходната година“, се вели на веб-страницата на ФЕД.
Американската централна банка минатата недела објави дека ја задржала референтната каматна стапка во опсег од 5,25 до 5,5 отсто и најави дека каматните стапки ќе се намалат трипати годинава.
Подготвено од А.Ѓ.