04.01.2024 Скопје
За да се добие државна поддршка, компанијата мора да има минимум 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1.000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3.250 евра по вработен. Планот на компанијата е да вработи 2.000 лица во наредните неколку години за кои платите ќе бидат барем 50 отсто повисоки од просечната во Република Северна Македонија.
„Емапта“, австралиска компанија за надворешни услуги во огромен број сектори која од минатата година почна да оперира од Република Северна Македонија и да вработува млад кадар, ќе добие канцеларии во ТИРЗ зоната во Скопје,
Компанијата „Емапта“ има над 7.500 вработи и опслужува речиси 700 клиенти, меѓу кои и водечки глобални брендови на четири континенти а минатата година ја завршила со профит од 2,8 милијарди долари.
Подготвено од М.Д.