02.01.2024 Скопје
За граѓаните, особено за пензионерите, 2023 година беше доста тешка. Ниските приходи и високи трошоци за живот ја направија минатата година мошне тешка да се закрпи крај со крај, но експертите тврдат дека оваа 2024 година ќе биде подобра покрај скептицизмот на одредени луѓе.
Според економистот и професор Абдулменаф Беџети, најлошото е зад нас, гледано од макроекономски аспект, инфлацијата се стабилизира. Очекува 2024 да биде подобра, но, тој додава дека парите стануваат сѐ поскапи, а во земјава ќе продолжи недостатокот на работна сила.
Треба да се продолжи со изнаоѓање на нови решенија, покачувањето на платите е за поздравување, но тоа може да биде и проблем по инфлацијата,
Подготвено од М.Д.