centralna evropska banka zgolemuvanje na kamatna stapka

04.01.2024 Скопје

Економската активност во еврозоната продолжи да се намалува и во декември.

Индексот на менаџери за набавка (PMI) се зголеми од ноемвриските 44,2 поени на 44,4 поени, според S&P Global, но остана под границата од 50 поени што укажува на пад на активноста.

Помал бил обемот на производството и бројот на работни места.

И покрај тоа што индексот остана под границата од 50 поени, резултатот е најдобар во последните седум месеци. На ова влијаеше малото влошување на деловните услови во Германија и Италија.

Франција, пак, доживеа најголемо влошување на условите во повеќе од три и пол години. На второ место, најголем напредок постигна Грција.

Очекувањата за раст се подобрија кон крајот на минатата година. Производителите беа пооптимисти во декември, што не се случило од април минатата година.

Трошоците за производство продолжија да паѓаат, но послабо од претходните месеци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author