29.12.2023 Скопје
Полицијата во Турција има флота на која би ѝ позавиделе многу богаташи.
На видеото што го објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, можете да видите повеќе од 20 спортски автомобили, суперавтомобили и теренски возила кои неодамна беа запленети од турската полиција и сега се дел од нејзиниот возен парк.
Полицијата заплени вкупно 23 возила, од луксузни автомобили од високата класа како Бентли Континентал ГТ и Порше Тајкан, до модели како Ферари 458 и Фолксваген Голф Р.
Има и неколку луксузни теренци како Range Rover Sport и Mercedes-Benz GLS.
Вкупната вредност на запленетите автомобили се проценува на околу 3,5 милиони долари.
Овие автомобили биле запленети од наркодилер по име Хакан Аџик. Тој бил водач на моторџиска банда со седиште во Австралија, а неговото богатство се проценува на околу една милијарда долари.
Заедно со 36 други соработници, Аџик беше уапсен минатиот месец во Истанбул.
Подготвено од А.Ѓ.