nato i japonija vojska

29.12.2023 Скопје

Тензиите меѓу Венецуела и Гвајана кои траат со недели, влегоа во нова фаза.

Новата фаза дојде откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро нареди распоредување на армијата во близина на границите, и на копно и на море.

Откако пред неколку недели организираше референдум за анексија на делови од Гвајана, Мадуро сега отиде чекор понатаму и за целата ситуација ја обвини Велика Британија која испрати воен брод на овие простори, што Мадуро го оцени како провокација.

Венецуела во оваа прилика распореди 5.600 војници во близина на границата и најави дека во тек се воени вежби.

„Одбранбената вежба е одговор на британската провокација и закана против мирот и суверенитетот на нашата земја. Оваа закана е неприфатлива за Венецуела и за која било земја во регионот. Ние не се плеткаме со никого, но никој не може да и наштети на Венецуела“, изјави Мадуро.

Покрај војниците, Венецуела распореди три океански патролни бродови, два логистички транспортни брода, три повеќенаменски бродови и 23 авиони.

Меѓу другото, Мадуро рече дека Венецуела е подготвена за дијалог и мировна дипломатија.

„Веруваме во дипломатија, во мир, но никој не смее да ни се заканува. Не прифаќаме закани од Велика Британија“, изјави првиот човек на Венецуела.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author