mk donalds

06.12.2023 Скопје

Компанијата Мекдоналдс следната година ќе лансира нов бренд на ресторани Kosmek (CosMc) во САД, а во градот Болингбрук во државата Илиноис веќе е изграден објект во кој ќе биде сместен еден од рестораните.

На зградата е истакнато логото на идниот ресторан Космек, а пред него е видливо мени без цени, во кое има ледени чаеви, фрапе, лимонади и кафиња.

Понудата вклучува и специјалитети како пијалоци од рубриката „Signature Galactic Boost“.

Извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински, во јули објави дека концептот на ресторан со мал формат Космек „ќе ја има целата ДНК на Мекдоналдс, но и свој уникатен идентитет“.

Портпаролот на Мекдоналдс тогаш изјави дека новиот концепт ќе биде претставен само на некои локации.

Акциите на Мекдоналдс на берзата S&P 500 годинава пораснаа за девет отсто, а на конкурентот Бургер Кинг за 13 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author