29.12.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден ја продолжи суспензијата на царините на ЕУ за челик и алуминиум за две години.
Бајден во изјавата рече дека двете страни постигнале значителен напредок и дека ги продолжуваат разговорите.
САД ги суспендираа увозните царини од 25 отсто за челик од ЕУ и 10 отсто за алуминиум од ЕУ на две години од јануари 2022 година, заменувајќи ги тарифите наметнати од поранешниот претседател Доналд Трамп.
Царините на ЕУ, воведени како одмазда, опфатија низа американски производи, од мотоцикли Харли Дејвидсон до виски и моторни чамци. И овие тарифи се одложени до 2025 година.
Подготвено од А.Ѓ.