peking osporuva novi merki za proizvodstvo na fentanil

31.05.2023 Скопје

Кинеската амбасада во Соединетите Американски Држави остро ги осудува санкциите наметнати од Вашингтон врз нејзините субјекти и поединци за кои се верува дека се вклучени во меѓународното ширење на опремата што се користи за производство на фалсификувани лекови.

Мерката ја попречува кинеско-американската соработка против трговијата со наркотици, стои во соопштението од амбасадата. Вчера Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии (OFAC) објави нови санкции против 17 физички и правни лица кои се занимаваат со меѓународна трговија со опрема што се користи за производство на фентанил и други наркотични супстанции.

Потсекретарот на Министерството за финансии задолжен за тероризам и финансиско разузнавање, Брајан Нелсон, изјави дека САД се посветени да го уништат целиот синџир на производство на фентанил, кој е одговорен за зголемениот број смртни случаи во Соединетите држави.

Новите мерки кои се донесени од страна на Вашингтон зафатија седум правни и шест физички лица во Кина, како и една компанија и три физички лица во Мексико.

Подготвено од М.Н.

About Author