https://www.flickr.com/photos/vladacg/52181379501/in/photolist-2nv7tK5-2nv8H2e-2nv7tLc-2nv6dBk-2nv7tLT-2nv6d9V-2igNqoj-2nv6fjg-2mGmwVd-2mGh8qS-2nv5Be4-q4cZhF-2nv875F-2nv6SKa-2mGiiRB-2hvSgWz-2nv873w-2mGmwXN-2nv1Tej-2mGiiQ9-2igJWBE-2mGcVt9-2nv8n6c-2hvSgVH-2hvPyww-ZtCo4f-2mJjutB-YhxvPY-2n2VW65-2n2UGVd-2hcZ94E-27cKNxN-2mGiPyc-2hdvEyZ-2cqSPzf-2mGdsvE-2mGdtQ8-2b7Cehe-2nv8A6Q-2nv7dCi-2nv7hfq-LBc4wU-2b7Cebx-V91YFB-2mGh8ts-2gH5DQJ-2j6RYi6-2cqSNgJ-NK4HgT-25YWeg9

27.10.2022 Скопје

Со 157 гласа „за“ и 68 „против“, српските пратеници изгласаа нова влада, која повторно како претседателка ќе ја води Ана Брнабиќ.

Не гласаа 25 пратеници а воздржани воопшто немаше. Гласањето беше објавено со прозивање.

Брнабиќ изнесе ексопзе кое беше напишано на 76 страници и ги предложи новите кандидати за министерските места.

Брнабиќ истакна дека црвените линии во Србија на сите им се јасни, и дека тоа се интересите на Србија и самостојноста на државата во носењето на одлуките, а тие црвени линии ги нарече свети линии.

Новата влада на Србија, ќе има 28 министри, од кои тројца без ресор.

Подготвено од М.Н.

About Author