21.10.2022 Скопје
Унгарија не е единствена земја која се противи на предлогот на Европската комисија, да се постави многу висока цена на рускиот гас и да се воведе паневропски механизам за купување на гас.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека предлозите на Брисел се сосема спротивни од националните интереси на Унгарија, но за среќа не се единствени кои се против оваа мерка на Европската комисија.
Орбан изрази надеж дека на самитот во Брисел ќе можат да ги бранат националните интереси на Унгарија, бидејќи се против задолжителната заедничка набавка на енергија и паневропската граница на цената на гасот, но во тој случај договорите на Унгарија за гас ќе бидат откажани и Унгарија ќе остане без снабдување со гас, потецираше Орбан.
Подготвено од М.Н.