https://www.flickr.com/photos/prometeusz5000/21253079332/in/photolist-yo4A3h-2iZkNvC-26o3Qa1-23ArTQG-Curwec-N9D4wV-NeCpWj-powo6q-2nrjcpz-q21Ugi-MUAK1J-2jzucig-YXUfJ3-WZ6iPB-2h8gx1G-29vxqrx-NsubJo-2khK685-N6uaws-2kj1WDZ-2ki8Hdv-2jHtzyG-2jGbq4Q-2adAjK1-2jJ2SrN-2a3RCGb-WNVvdq-2kc91NJ-YZnFbq-2iQfvdW-2m8iWUo-2hqB1G2-25HcLPA-zdQB1q-2kBDF9D-HMVnMk-yo4y2o-YAy9mJ-2nEUC6n-UrDLdU-2mVwFP9-bzW4cb-2nzJ5YM-bD3Yhq-S4FbFq-28Tc3Bh-2gbGJJk-yXqfNb-28UQz3v-KowRG

27.10.2022 Скопје

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, го повтори барањето на Варшава за воените репарации од Германија, поради уништувањето за време на Втората светска војна, и укажувајќи на воената ситуација во Украина, додаде дека доколку Берлин не превземе одговорност за злосторствата од минатото, тоа нема да може да се бара и од Москва.

Моравјецки побара од Германија да ја превземат одговорноста за злосторствата и масовните убиства кои се извршени во Полска за време на Втората светска војна, и додаде дека вистинскот момент за вакво барање бил пред 50 или 70 години, но бидејќи до сега тоа не се случило, сега Полска го доставува своето барање.

На почетокот на септември комисијата на парламентот во Варшава поднесе извештај според кој штетата што ја предизвикала нацистичката Германија во Втората светска војна во Полска изнесува околу 1,3 билиони евра.

Полскиот премиер истакна дека никој не сака Русија да помине без казна поради инвазијата врз Украина, и додаде дека повеќето Германци не би го сакале тоа, затоа бара Германија да си ја превземе одговорноста кон Полска.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *