https://www.flickr.com/photos/jesuit-refugee-service/51924199705/in/photolist-2n7n6yv-2n8Vtuh-2hAQ9sT-2nprh6M-2ndk1oR-2aAkwNL-2nNcTJr-2nFV5G6-2n8mk4a-2n8rvqc-2dkELWK-2n7iSAi-2axdm4m-2n7GmJm-2nbk847-2nRq87q-2n8KDnM-2nv6nbf-2n7FEaR-2n85od8-pyE37h-2nfpeXr-2n8xLwK-2hCr29h-2n6pqbv-2n8xLxm-2naJuAx-2naFma7-2doagNK-2n9VoYw-2naKt1U-2n5PvEX-2doagMH-2n5FLLL-2nsJkWV-2n5yq8r-2n9XhYM-2nhXbng-2ntce8e-2ncnWqa-2axdjXo-2dgajbd-2dm4zPj-2nbjMBQ-2ni1fMx-2cikcbu-2naMUsd-2n9PEU1-2bX1Wgr-2naLLLx

10.10.2022 Скопје

Министерството за надворешни работи во Бугарија, во текот на вчерашниот ден, соопшти дека многу украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради зголемената неизвесност околу нивното сместување. Ова го има утврдено Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, во Бугарија влегле повеќе од 700 илјади луѓе, но во моментов останале нешто повеќе од 50 илјади, од кои 80 отсто од нив се жени и деца.

Од меѓународната организација додаваат дека повеќе од 100 илјади луѓе од нив ја напуштиле Бугарија во периодот од 5 септември до 5 октомври. Повеќето од оние што заминуваат се враќаат во Украина, а останатите заминуваат во други европски земји.

Според организацијата, главната причина е неизвесноста околу сместувањето на бегалците во владините бази и хотели. Мерката беше воведена од кабинетот на Кирил Петков, а преодната влада ја продолжи до крајот на овој месец.

Од ОН наведуваат дека во моментов од неа имаат корист повеќе од 12 илјади бегалци. Друга причина е неможноста за плаќање наемнина. Во текот на зимата бегалците од најранливите групи ќе останат во Бугарија и ќе им треба заштита.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author