https://www.facebook.com/photo.php?fbid=648206296674427&set=pb.100044551864456.-2207520000..&type=3

Cumhurbaşkanı Recep Tayyip Erdoğan, Çekya'nın başkenti Prag'da Avrupa Siyasi Topluluğu (AST) toplantısının ardından basın toplantısı düzenledi. ( TCCB/Murat Çetinmühürdar - Anadolu Ajansı )

07.10.2022 Скопје

Во Прага, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во моментов нема ништо за што би вредело да се разговара со Грција и ја обвини Атина дека својата политика ја заснова врз „лаги“.

Според Ердоган, целата политика на Грците се заснова врз лаги, затоа што не се чесни. Воедно, истакна дека тие не се таму каде што треба да бидат.

На синоќешната прес-конференција во Прага, претседателот Ердоган изјави дека Атина ја разбрала пораката на Анкара кога турските власти рекоа дека би можеле ненајдено да пристигнат една ноќ, коментар што грчките и уште некои западни претставници го осудија како закана за соседната држава.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author