https://www.flickr.com/photos/134170302@N04/24145740446/in/photolist-CMFepL-BSAzkx-W5wQQE-2bZqMxp-BStjXu-26QwhnG-fHfFfg-2jftF4P-ZdET63-JjHoDx-BgpdD6-CMFafy-6n7JXP-WZTf8h-CPZ78c-6tCpDc-4mdM61-X8bk3d-2jfxT2C-4zT3Zc-7QiTDe-5xBiU1-SR4EnJ-wfAvV-2hkP9mY-CPZ1SH-BSAyon-KisBm1-2kLRMmw-Tmt6De-Xq8TeL-93TzyS-2hL85Yi-2j2jjqy-CPYZ6X-2jftEN3-2jfxSrE-CMFbAu-2jfxSDP-CnRNao-LrwdFW-yh76hD-CgtLG2-XHoeuq-2jn8QSe-ZxdcTE-XNUf9o-2iT5fHq-2nyZ76d-ZxcLg7

10.10.2022 Скопје

Податоците на Лондонската берза ИЦЕ покажуваат дека цената на природниот гас во Европа денеска се намали за 5,05 отсто.

Гасот за испорака во ноември во центарот ТТФ во Холандија се тргуваат по 148,23 евра за мегават час или за околу 1.440 долари за 1.000 кубни метри. Утрово, берзата беше отворена на 148,25 евра за мегават час, потоа забележа пад на 144 евра за мегават час, по што цената се врати и достигна 166 евра за мегават час.

Во петокот вечерта, берзата затвори со цени од 156,21 евро за мегават час, околу 1.520 долари за 1.000 кубни метри.

Податоците од берзата укажуваат дека од 28 септември до сега е забележан тренд на постепено намалување на цената на природниот гас во Европа.

Цената на гасот својот максимум го забележа на 26 август – 346,52 евра за мегават час или околу 3.500 долари за 1.000 кубни метри.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author